Како дел од меѓународниот проект www.healthgrouper.com, од денес започнува кампањата „Помогни да биде подобро” со која ќе се истражуваат искуствата на граѓаните- корисници на здравствени услуги во приватниот или државниот здравствен сектор во изминатите 12 месеци во Македонија.

Истражувањето се спроведува електронски и до него може да се пристапи преку интернет страниците www.najdidoktor.mk, www.doktori.mk или преку социјалната мрежа Фејсбук.

Целта на истражувањето е да понуди повеќе одговори кои може да ги подобрат состојбите за лекување во македонскиот здравствен систем. При тоа, сакаме да ги слушнеме сите проблеми со кои се соочуваат пациентите, како и да ги дознаеме позитивните работи во процесот на лекување. Искуствата на пациентите ќе помогнат да се актуелизираат и подобрат состојбите за сите во здравството во Македонија. Токму поради тоа оваа кампања за вклучување на пациентите се вика „Помогни да биде подобро” – велат од Healthgrouper.

Истражувањето ќе се спроведе и во Бугарија и Србија за да се добијат споредбени податоци за искуствата од користењето здравствени услуги во овие земји.

OhridNews