Приватното погребно претпријатие „Две солзи“ кое до денес користеше простории во објектите на ЈП „Градски гробишта“, претпладнево се исели од просториите, информираат од локалната самоуправа.
-Претходно ЈП „Градски гробишта“ и „Две солзи’’ потпишаа меѓусебна Судска спогодба со која прекина судскиот спор кој јавното претпријатие го покрена против ова претпријатие, и истото се исели од просториите, извршено е примопредавање на просториите, потпишан е адекватен записник променети се бравите на просториите.- стои во соопштението.
Иако претпријатието се исели 10 дена пред предвидениот рок, согласно спогодбата приватното погребно претпријатие на ЈП „Градски гробишта“ ќе мора да му ја измири наемнината и за деветти месец, заедно со сите режиски трошоци за струја и комуналии.
ЈП „Градски гробишта“ претходно покрена судска постапка за раскинување на договорот кој претходното раководство го склучило со ова јавно претпријатие, а кој бил оценет како штетен за јавното претпријатие, се вели во соопштението.
OhridNews