СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29-годишен охриѓанец за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедност”.

На 9-ти март, во 17.20 часот, додека полициски службеник преземал мерки за физичко сообраќајно обезбедување на собир на граѓани „За заедничка Македонија” на пресекот на улицата „Јане Сандански” со булеварот „Туристичка” пристигнал пријавениот, се паркирал и возилото го оставил на коловозната лента, со што го загрозил нормалното одвивање на сообраќајот.

Од страна на полицискиот службеник му била дадено наредба да го отстрани возилото и да продолжи со движење, но пријавениот на таквата наредба се оглушил по што му биле побарани на увид сообраќајната и возачката дозвола со цел констатирање на прекршок. Истиот го турнал полицискиот службеник во пределот на градите и се обидел со возилото да замине од местото на настанот, заради што е приведен во охридската Полициска станица.

OhridNews