Во село Горенци приведен албански државјанин поради незаконит лов.

На 06.12.2021 во 15.00 часот во с.Горенци, општина Дебарца, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал при СВР Охрид лишиле од слобода 34 годишно лице од Република Албанија, поради сомнение дека сторил кривично дело „незаконит лов“ по член 228 од Кривичниот законик. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

OhridNews