Охридската полиција при акција спроведена вчера на лице место приведе крадец при извршување тешка кражба во куќа.

На 04.02.2022 околу 17 часот, во СВР Охрид е приведено 32 годишно лице од Охрид кое претходно е затекнато при извршување на тешка кражба во куќа на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид, информираат од МВР.

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews