Во Охрид, ноќеска во 2 часот после полноќ, полициски службеници од СВР Охрид привеле 36-годижен жител на селото Оморани, Општина Чашка.
Тој, претходно, на улицата „15 Корпус“ во Охрид, од паркирано патничко возило „голф“ одзел паричник и документи, соопштија од МВР.
Предметите се вратени на сопственикот на возилото, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава.
OhridNews
Фото: Илустрација Фрипик












