Како што информира МВР, косовската полиција во стан во Урошевац го уапсила Алмир Дрпљанин, македонски државјанин по кого македонската полиција има распишано меѓународна потерница, а се барал за повеќе тешки кривични дела сторени во периодот од 2006 до 2012 година.

Меѓу делата за кои се бара Дрпљанин е и убиството и обидот за убиство на полициските Алфи на паркингот на Природноматематичкиот факултет Скопје, во кој животот го загуби 39-годишниот Африм Арифи, а уште тројца полициски службеници се здобија со тешки телесни повреди. За ова дело тој е осуден на доживотна затворска казна која е правосилна.

Од МВР информираат дека не е исклучена можноста Дрпљанин да е поврзан и со петкратното убиство кај Смилковското езеро, но нема детални сознанија.

Кај Дрпљанин е пронајдена голема количина оружје кое е испратено на вештачење, кое ќе помогне да се утврди дали има поврзаност со убиството кај Смилковското езеро.

OhridNews