На 19.08.2025 во 00.25 часот во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен лишиле од слобода 30-годишно лице од Охрид.
Според пријавеното, по претходна расправија во семејниот дом во Охрид, тој со запаливо средство го опожарил мопедот на неговиот 57-годишен татко и заминал кон Ресен. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 288 од Кривичниот законик, информираат од МВР.
OhridNews