На 09.09.2025 во 03:00 часот полициски службеници од СВР Охрид од слобода лишија 52-годишно лице од Охрид.

Тој се сомничи дека околу 02:33 часот во дворно место на улицата „Даме Груев“ во Охрид, предизвикал пожар на глисер, кој се проширил и зафатил дел од зграда и патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, сопственост на неговиот 45-годишен брат од Охрид. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, информираат од СВР Охрид.

52-годишното лице е задржано во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

OhridNews