На 05.10.2022 во 11.10 часот на улицата „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 49 годишно лице од Охрид, информираат од СВР Охрид.

При извршен преглед, кај него пронајдена и одземена е опојна дрога хероин по што е приведен во полициска станица, додаваат од СВР Охрид.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews