На 01.08.2021 во 22.35 часот од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје и од СВР Охрид во близина угостителски објект лишен е од слобода 41- годишен Охриѓанец.
При преглед на патничко возило „БМВ“, со охридски регистарски ознаки, во кое бил Б.Р. и при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена прашкаста материја, , информираа од Министерството за внатрешни работи.
За настанот е известен Јавен обвинител, а по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок.
ОhridNews












