Вчера (17.11.2021) во 13.00 часот кај местото викано „Алтанин мост“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 29 годишен охриѓанец.
При контрола на патничко возило, во кое се превезувал, кај него била пронајдена и одземена марихуана. Додека, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 14 фолии со семки од растението канабис, стои во полицискиот билтен.
По целосно документирање на случајот против него СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.
OhridNews












