Полициски службеници од СВР Охрид, ноќеска во 03:05 часот во Охрид, лишиле од слобода  34 годишен охриѓанец, кој се сомничи дека претходно со употреба на физичка сила и подесен алат влегол во куќа во Охрид и одзел пари, накит и други вредни предмети.

Дел од одземените предмети, како што информираат од МВР, биле пронајдени и вратени на сопственикот.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews