Денеска (27.09.2022) во СВР Охрид приведено е 36 годишно лице од Охрид, информираат од СВР Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен по добиена судска наредба, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа кеса марихуана и саксија со засадени растенија канабис сатива, додаваат од СВР Охрид.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews