На магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај село Длапкин дол, на 3-ти јули, полициски службеници од Полициската станица Кичево извршиле преглед на патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 39-годишен охриѓанец.

При претресот било пронајдено едно најлонско кесе со наркотична дрога марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а охриѓанецот бил приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

OhridNews