На 03.06.2025 во 18.40 часот на пресек на булевар „Туристичка“ со улица „Бистрица“ во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода 25 годишно лице од Охрид.

Кај него е пронајдена и одземена марихуана. Подоцна со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом и пронајдени и одземени се марихуана и дробилка со остатоци од марихуана, информираат од МВР:

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews