Раководителот на Секторот за образование при општина Охрид, Гоце Симоноски, кој во поранешниот состав на локалната самоуправа ја извршуваше раководната функција во Секторот за туризам и локален економски развој, вечерва бил приведен во полицијата.

Неофицијално, Симоноски бил повикан во полицијата по пријава од вработен во општина Охрид.

Повеќе детали за случајот, се очекува полицијата да соопшти во текот на утрешниот ден.

OhridNews