Рано утрово, приведен е првиот човек на Фудбалскате федерација на Србија, Славиша Кокеза на информативен разговор, пренесуваат од Спорт клуб.

Кокеза на информативен разговор во полиција бил повикан поради наводите од белградскиот угостител Александар Кајмаковиќ дека соработувал со „Веља Невоља“, кој беше лишен од слобода во големата акција, која беше спроведена во главниот град на Србија.

Кокеза на позицијата претседател на Српскиот фудбалски сојуз дошол во 2016 година. Претходно бил член на Управниот одбор во Црвена Ѕвезда и го предводел нисколигашкиот клуб Бродарац.

 

OhridNews