На 03.01.2026 во 01:13 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 38-годишно лице од с.Лешани, општина Дебрца.
При сообраќајна контрола на бул.„Туристичка“ во Охрид е сопрено патничко возило „пежо“ со охридски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,21 промили алкохол во крвта, информираат од МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
OhridNews












