Во угостителски објект лоциран на улицата „Св.Климент Охридски“ во Охрид, вчера околу 18.30 часот, бил нарушен јавниот ред и мир со непристојно однесување од страна на 33-годишна девојка од Перт-Австралија.

Таа е приведена во СВР Охрид, а против неа, во согласност со Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена соодветна пријава.