На 04.07.2025 година во 01.25 часот, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Eзеро“, во водите на Охридското Eзеро, приведоа албанските државјани 22 и 30 годишни, поради постоење основи на сомневање за сторено „Илегално преминување на државната граница“ и кривично дело „Незаконит риболов“.

Тие, со пловен објект биле затекнати на околу 6,5 километри од границата во македонските територијални води по што се обиделе да избегаат. По известување на јавен обвинител и по преземени мерки, одземени им се пловниот објект, рибарски мрежи во должина од 400 метри, три парчиња риба Охридска пастрмка како и повеќе парчиња риболовен алат и прибор, информираат од СВР Охрид.

Против нив, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

OhridNews