Четири лица од тетовското село Пирок се приведени во Охрид на булеварот „Македонски просветители“ откако кај нив е пронајдена дрога.

На 09.01.2022 година во СВР Охрид, приведени се четири лица на возраст од 23 и 26 години сите од тетовското село Пирок. При контрола на возило „Ауди“ во кое се превезувале, извршена на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, пронајдена и одземена е кеса со кокаин и марихуана, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна  пријава.

OhridNews