Секторот за внатрешни работи Охрид, информира дека денес, по преземени активности, биле пронајдени три лица кои неодамна предизвикаа нарушување на јавниот ред и мир и пукаа од огнено оружје во кафе барот “Пијано” во Охрид.
По наредба на истражен судија, полицијата извршила претрес на дом и неколку простории, при што биле пронајдени лицата кои од случувањето на инцидентот, 3 ноември, се наоѓаа во бегство.
СВР Охрид, информира дека трага по уште едно лице кое учествувало во инцидентот.











