Во ОВР Струга синоќа во 21 часот приведени се 39 годишно лице од Охрид и 38 годишно лице од Струга, соопшти МВР.
При контрола на такси возило „мерцедес“, со кое се превезувале, извршена на регионалниот пат Охрид-Струга, во близина на населбата „Езерски лозја“, како што се посочува, полициските службеници до совозачката врата пронашле полиетиленска кеса во која имало девет опаковки со бела прашкаста материја.
По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава, информираат од МВР.
OhridNews












