На 01.12.2021 околу 21 часот во автокамп во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид привеле и лишиле од слобода двајца жители на струшкото село Драслајца на возраст од 34 и 24 години.
При преглед на патничко возило „форд мондео“, со струшки регистарски ознаки во кое биле двајцата, пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.
OhridNews












