Полицијата информираше за два случаи на нарушен јавен ред и мир кои се случиле синоќа во Охрид. Во едниот случај, било приведено 42 годшно лице кое агресивно се однесувало кон полициски службеници.
На 10.02.2022 во 00.10 часот во СВР Охрид приведен е 42 годишен охриѓанец кој претходно, во близина на казино лоцирано на улицата „Абас Емин“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше портпаролот Стефан Димоски.
Во друг случај кој се случил во близина на казино еден час подоцна, бил приведен охриѓанец поради расправија со обезбедувањето на казиното и агресивно однесување кон полицијата.
На 10.02.2022 година во 01.10 часот во близина на казино лоцирано на улицата „Абас Емин“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид привеле 29 годишен охриѓанец затоа што го нарушил јавниот ред и мир со вербална расправија кон вработен задолжен за обезбедување на објектот, а потоа и со агресивно однесување кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодетна пријава, вели Димоски.
OhridNews












