На 07.04.2023 во 01.25 часот, на локалниот пат за охридското село Велестово, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 29 годишно лице од Охрид и 26 годишно лице од охридското село Велгошти.

При контрола на патничко возило „фиат пунто“ со охридски регистарски ознаки, во кое се превезувале, кај нив пронајдена и одземена е марихуана. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

OhridNews