
Во организирана полициска акција синоќа приведен е Б.Т.(29) од Скопје. Истовремено во близина на ТЦ „Рамстор“ приведен е Ф.М.(43) од с. Здух, кој поседува косовско и хрватско државјанство. Во текот на ноќта и утринава извршен е претрес и во домот на А.Т.(31) од Скопје, братучед на приведениот Б.Т., но тој не е пронајден во неговиот дом и се трага по него. Во извршените претреси во домовите на двајцата братучеди со потврда се одземени два компјутери, а извршен е и претрес во станот каде што косовскиот државјанин времено престојувал заедно со две македонски државјанки при што се одземени повеќе предмети за кои се претпоставува дека е можно да потекнуваат од кривични дела.
Против тројцата ќе биде поднесена кривична пријава за „Разбојништво“, „Убиство во обид“ и „Предизвикување општа опасност“.
Двајцата приведени со пријавата и доказниот материјал ќе бидат изведени пред надлежниот Истражен судија, додека по третиот е распишана интерна потрага. Министерството за внатрешни соопшти дека продолжува да работи на идентификување и на останатите.












