Неколкумина се приведени по нападот на новинарската екипа на порталот „А1.он“ на вчерашниот протест што го организираше здружението „За заедничка Македонија”. Оваа информација за Здружението на новинари ја потврдиле од Министерството за внатрешни работи. Претепаните новинари, по извршените прегледи на Ургентиот центар, се во добра здравствена состојба.

Од порталот „А1.он“ велат дека ќе поднесат пријава против организаторот, граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и ќе бараат надомест на штетата за дивјачкото и примитивно однесување. Инцидентот го осудија Здружението на новинарите на Македонија, Самостојниот синдикат на новинарите, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како и Македонската асоцијација на новинари и Советот за етика во медиумите на Македонија.

Екипата на на порталот „А1.он“,снимателот Владимир Желчевски и новинарот Александар Тодевски, беа брутално претепани од петмина учесници на вечерашниот протест пред Собранието на Македонија. Според очевидец на настанот, учесници на протестот ја нападнале екипата на „А1.он“ пред порта „Македонија“, ја оштетиле камерата и ги претепале новинарите, по што еден од известувачите на порталот бил во конфузна состојба и се пожалил на повреди.

OhridNews
извор Макфакс