На 25.11.2021, полициски службеници од СВР Охрид и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, лишија од слобода двајца охриѓани на возраст од 45 години.

При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се бела прашкаста материја и пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. 

Во друг одвоен случај, вчера (25.11.2021) на улицата „Марко Цепенков“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминаллишиле од слобода 37 годишен охриѓанец.

При контрола тој исфрлил едно пакување со бела прашкаста материја, која  е одземена. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид. 

OhridNews