Полициски службеници од СВР Охрид денеска по преземени мерки и активности во координација со ОЈО Охрид за расчистување на случајот со физички напад врз Х.П. (21) од Охрид, пријавен на 19.01.2023 околу 22.30 часот, ги приведоа С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид.
По целосно документирање на случајот до надлежното обвинителство во Охрид ќе биде поднесена кривична пријава. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Ohridnews











