Синоќа во 22.05 часот, на улицата „Радојца Новичиќ“ во Охрид, 36-годишно лице започнало вербална расправија со неговите соседи  на возраст од 34 и 32 години, сите од Охрид и во нивното дворно место, со работен алат, физички ги нападнал.

Тој, притоа извршил оштетување на повеќе предмети по што соседите физички го нападнале.

Тројцата се приведени по што ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

OhridNews