На 19.10.2022 во 11.00 часот во трговски центар „Амам“ на булеварот ,,Македонски Просветители“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид, го лишија од слобода И.Н.И.(22) од Република Бугарија, информираат од СВР Охрид.

При преглед, кај него пронајдени и одземени се два ножа, со што сторил прекршок по член 80 од Законот за оружје. Тој е предаден на Судија на претходна постапка при Основниот суд во Охрид, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews