Во СВР Охрид, вчера, било пријавено дека во угостителски објект на улицата „Коста Абраш“ бил нарушен јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување од страна на 40-годишно лице од струшкото село Франгово.

Лицето било приведено во полициска станица и против него, според одредбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews