На 05.06.2026 во 01:05 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро, на брегот на Охридското Езеро приведоа 75-годишно лице од охридското село Пештани.
При акциска контрола, тој е затекнат при извршување на кривично дело „незаконит риболов“ и биле пронајдени и одземени повеќе парчиња риба и една рибарска мрежа. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од СВР Охрид.
OhridNews













