Во петок, 9-ти декември, истекува последниот рок, според кој  регистрираните земјоделци од Македонија, можат да аплицираат за користење на средства од “ИПАРД програмата 2007-2013 година”.  Овие пари потекнуваат од Фондовите на Европската Унија, а се наменети за инвестиции и модернизација на примарното земјоделско производство и унапредување на руралниот развој.

Јавниот оглас за оваа програма, кој беше објавен во октомври годинава, опфаќа три мерки на инвестиции. Според нив, земјоделецот со  грантот од ИПАРД поддршката треба да покрие 50 насто од трошокот за реализирана инвестиција со која тој го ќе го унапреди производството. Од него, 75 проценти се пари од ЕУ, а 25 се од Буџетот на Македонија.

OhridNews