Градоначалникот Никола Бакрачески со соработниците, денеска изврши увид врз градежните активности на пешачко-рекреативната патека кај каналот Студенчишта, кои се во завршна фаза.

Пешачко- рекреативната патека кај каналот Студенчишта ќе има дрвен дел наменет за прикачување пловни објекти, камен пешачки дел со ширина од 4 метри, хортикултурно уредена зона, дел за велосипедисти со широчина од 2 метри, а ќе се спојува со уредениот мал канал.

Патеката е долга 600 метри, а за нејзината изградба Локалната самоуправа обезбеди 20.000.000 денари буџетски средства.

OhridNews