Во општина Дебрца при крај се градежните работи на резервоарот за вода, каде што се врши оградување на резервоарот. Преостанува  уште поврзување на резервоарот со постоечката каптажа. Новиот резервоар е со зафатнина од 150 кубни метри, изработен е од армирано бетонски ѕидови и армирано бетонски плочи, изведен на висинска кота од 735 метри надморска висина со што се овозможува гравитационо снабдување со вода за пиење на селото.

Од локалната самоуправа потенцираат дека со изградбата на овој резервоар за вода трајно ќе се решат долгогодишните проблеми на жителите на селото Требеништа и ќе се подобри квалитетот на живот, а ќе се постигне и поефикасно управување со ситемот за водоснабдување.

Денес врз градежните работи увид изврши градоначалникот Игор Трајкоски.

OhridNews