Во завршна фаза се градежните активности за подигање на повеќенаменското спортско игралиште во населбата Лескајца.
Како што информираат од општина Охрид, останува уште екипите на јавните претпријатија „Проаква“ и „Градски гробишта“ да ја довршат започната мини фонтана, да ги поплочат малите пристапни патеки, односно да се постави заштитната гумена подлога во кругот на детското катче.
„ЈП „Нискоградба“ извршува задачи околу тампонирањето на просторот, поставување на заштитните огради, а ќе биде и задолжено околу одржување на детските реквизити и играчки кои по изградбата ќе бидат поставени во повеќе наменското спортско- рекреативно игралиште. ЈП „Градски гробишта“ е задолжено за поплочување и поставување на бекатон на теренот и на пристапните патеки кои водат до игралиштето како и поставување на ивичници за обележување на уредениот простор. ЈП “Охридски комуналец“ има должност да го исчисти целиот потег околу повеќенаменското игралиште и хорти културно да го уреди паркот кој е замислен да се гради во рамките на проектот. Асфалтирањето на теренот го врши градежната фирма “Илинден“ од Струга.“ – информираат од локалната самоуправа.
Инаку, проектот е финансиран од општина Охрид.
OhridNews