Привршуваат активностите за уредување на кејот во Пештани. Екипи од јавното претпријатие Нискоградба се на терен каде по завршување на потпорниот ѕид кој беше изграден со средства од локалната самоуправа, вршат поставување на бекатон плочки, систем за наводнување на цвеќињата со кои ќе биде оплеменет просторот.

Поставени се бекатон плочки на околу 900 метри квадратни  пешачка патека , изграден е водоводен систем преку кој ќе се врши наводнување на зеленилото, поставени се бетонски столбчиња. Предвидено е да се постават и клупи за седење, кејот да биде осветлен, а ќе се изгради и нов паркинг простор, информира директорот на ЈП Нискоградба, Сашо Донев.

Активностите се очекува да завршат деновиве по што кејот ќе биде пуштен во употреба.

OhridNews