Во финална фаза се инфраструктурните зафати на улицата „Лазо Трпоски“, информираат од ЈП „Нискоградба“.

„Од предвидените 60 метри улична канализација, досега се поставени цевки во должина од 45 метри, со профил ф 200 и изградена е една ревизиона шахта.“  – велат од ЈП „Нискоградба“.

Оттаму потенцираат дека се очекува до средината на наредната седмица, целосно да биде завршена линија, со изградба на уште две ревизиони шахти.

OhridNews