Професорката Соња Думбалоска, која е дел од Охридскиот пливачки маратон од неговото возобновување на почетокот од деведесеттите години од минатиот век, е годинешен добитник на наградата „Климе Савин“.

Ова престижно спортско признание се доделува за постојана и несебична поддршка на Охридскиот пливачки маратон.

Признанието на истакнатиот спортски работник Соња Думбалоска и го врачија претседателот на националната пливачка федерација Александар Маленко и делегатот на ФИНА Жан Пол Нарс, по завршувањето на церемонијата на доделување на медали на најуспешните на 33 издание на Охридскиот пливачки маратон, кој се одржа денеска.

Инаку, за прв пат оваа година на Охридскиот пливачки маратон кој е дел од светската серија на Ултра маратони на ФИНА имаше професионални судии од Охрид, кои, претходно минаа специјална обука на семинар организиран од светската пливачка организација со што се стекнаа со соодветни лиценци.

OhridNews