Четириесет и двајца хумани поединци, организации и сервисни клубови, кои во текот на изминатите неколку години организирале или поддржале хуман настан, добротворна активност или донирале средства за доброто на заедницата во Охридско-струшкиот регион, на свеченост што се одржа вчеравечер добија признанија за филантропија.

Признанијата им беа доделени во рамки на завршниот настан од Проектот „Филантропија-Човекољубие на дело” реализиран од Здружението на граѓани „Локална Агенција за Развој” од Струга како дел од програмата на Civica Mobilitas“, имплементирана од Центарот за институционален развој „ЦИРа” и финансиски поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка SDC”.

Пред присутните се обрати градоначалникот Никола Бакрачески кој истакна дека филантропијата како термин и како појава е стара колку и самото човештво и дека во денешно време подразбира реализација на иницијатива за постигнување општо добро за заедницата, а во функција на подобрување на квалитетот на животот.

Филантропијата имала и има важна улога во развојот на општеството, не само во материјална, туку и во хумана и етичка смисла и изискува заедничка сорботка и поврзување на сите сегменти од општественото живеење, додаде, изразувајќи задоволство што се поголем е бројот општествено одговорни компании и бизнисмени кои значајно придонесуваат во поддршката на многубројни хуманитарни активности, као што се изградба на детски градинки, игралишта, шпколи, сборирање стредства за лекување на пациенти, и континуирананпомош за лицата со посебни потреби и хронично болните и изнемоштени лица, рече градоначалникот Бакрачески.

Освен врачувањето на признанијата во рамки на свеченоста, беше промовиран и „Каталогот на Филантропи“ кој беше изготвен врз основа на неколкумесечното истражување.

Каталогот во суштина е една детална слика, за што, колку и на кој начин се донирало во претходниот период на ова подрачје. Успеавме да лоцираме над 40 донаторски или хумани активности, кои биле реализирани или помогнати од поединци, од бизнис секторот или сервис клубовите. Се надеваме дека ова издание покрај тоа што ќе ги уважи филантропите ќе придонесе и за понатамошна промоција на филантропијата, вели Јасминка Поповска, директор на Локалната агенција за развој од Струга.

 

Покровител на свечениот филантропски настан беше Клубот „Сороптимист’’ од Струга. Претседателката на клубот Мерсиха Исмајлоска вели дека е многу задоволна што членките на овој клуб биле дел од овој голем настан.

Како млад клуб, кој постои две години се залагаме за промоција на филантропските вредности. Тоа во суштина е и целта на нашето формирање и делување. Ова е прв Сороптимист клуб во Македонија, така да веруваме дека можеме да придонесеме и да помогнеме за квалитетот на животот во општетсвото. Целта на оваа организација е да ги зајакне капацитетите на жените преку обуки, заеднички активности, размена на искуства, со земји од Европа и светот, вели Исмајлоска.

Од „ Сороптимист“ најавуваат дека организирањето нa овој филантропски настан ќе прерасне во традиција и дека ќе биде дел од редовните годишни активности на овој клуб.

OhridNews