Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебарца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, посветено и совесно ја спроведува. Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година, се задоволуваат  потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во Охрид.

– Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв придонесе да бидат спасени многу човечки животи, велат од Црвен крст.

По повод 17 март, Денот на крводарителството во Р.Македонија, Црвен крст Охрид ги поканува сите крводарители, поединци, фирми, институции кои го помогнале развојот на крводарителството во Охрид и Дебарца на пригодна свеченост во просториите на Црвен крст, утре, петок, со почеток во 13 часот. На свеченоста ќе се доделат признанија на заслужни крводарители, поединци, фирми и институции кои помогнале во развојот и унапредување на крводарителството.

OhridNews