Во рамки на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, вчера на централниот плоштад градоначалникот Александар Петрески на шеесетина ученици, кои освоиле награди на општински, државни и меѓународни натпревари, им врачи пригодни подароци.

– Се гордееме со вашите постигнувања и чест ни е што Охрид го вредивте на врвот на македонските градови со најмногу освоени признанија. Локалната самоуправа во изминативе неколку години во образованието во Охрид вложи над 100 милиони денари и така ќе продолжиме зошто сме уверени дека охридските ученици тоа го заслужуваат– рече  Петрески.

Свеченоста ја збогати познатиот детски поет од Србија, Љубивое Ршумовиќ, кој рецитираше песни од неговото богато поетско творештво.

OhridNews