Шпанска Севиља е една осумте екипи во историјата на Лигата на Шампиони која успеала да извлече позитивен резултат после негатива од три голови. Несекојдневниот подвиг на Севиља на дерби средбата од А групата со Ливерпул имаше тажен иницијатор, односно приказна, откако тренерот Едуардо Берицо на полувремето им признал на фудбалерите дека боледува од рак на простата.

Во вторите 45 минути на дуелот со „црвените“ од Енфилд домашните фудбалери одиграа во транс и стигнаа да ја анулираа предноста на гостите и да останат во игра за првата позиција во А групата.

Берицо, веќе од денеска почнува со терапија за лекувањето на ракот на простата, но нема да го остави тимот и ќе си работи како и претходно. Клубот од „Санчез Писхуан“ се уште нема коментар, но шпанските медиуми од блиски извори ја потврдија информацијата за болеста на стратегот кој во мај годинава го презеде кормилото.

ЛШ: Несекојдневен подвиг на Севиља, Наполи преживеа, не и Дортмунд (видео)

OhridNews