Во рамки на активностите за одбележување на месецот ноември – месец посветен на Правата на децата, а по повод одбележување на Светскиот ден на климатските промени, Прличевци со порака: „Дајте ни зелено, наместо сиво, дајте ни парк, наместо бетотн“.
Денешниов ден, кога се одбележува Светскиот ден на климатските промени, да ни биде поттик да ја чуваме и унапредуваме животната средина, да укажеме на опасните последици од загадувањето на водата, воздухот и почвата. Да ја сочуваме нашата Планета за нас, за идните поколенија, да растат здрави и среќни, порачуваат од училиштето.
Во пораката велат имаме само една планета Земјa, наша, единствена, потенцирајќи дека како ќе се однесуваме кон неа, така таа ќе ни возврати.
Затоа да бидеме свесни и совесни, да ја чуваме и негуваме и да се грижиме за неа како за сопственото здравје, за животот. Секој од нас има одговорност за планетата Земја. Тргнете од себе, разбудете ја вашата свест, велат од училиштето.

Проектот беше поделен на неколку катчиња со цел доближување на сите засегнати сегменти во нашата околина поради климатските промени, за кои пак главен фактор на настанување е човекот. Учениците преку акција за собирање селектиран отпад, засадување цвеќиња за прочистување на воздухот, истражување на тема видови животни пред изумирање, пластиката во океаните и низа активности во текот на минатата недела, имаа можност да презентираат како се рециклира, како се засадува иднина, како се чуваат ендемските видови, како треба да се заштити озоно и како треба да се чуваат и чистат океаните, велат од училиштето.
„Ние и климатските промени“
Додаваат дека со овој проект успешно се разви свеста и желбата за подобрување на навиките кај најмладите, а со тоа и подобрување на нашето место на живеење- нашата планета Земја.
OhridNews


















