Родителите и учениците од IV-5 одделение од ОУ „Григор Прличев“ во Охрид, поддржани од Советот на родители и училиштето го реализираа проектот „Есенска соба“ на одржаната работилница „Јаболкото- кралот на есента“.
Работилницата се одвиваше и на училиште каде што учениците изработуваа интересни нешта кои симболизираат јаболко, но и во автентична природа и ливада која во изобилство нуди свежи јаболка. А таму… еден грст задоволства слатки кои јаболкото може да ги пружи… Зготвено со љубов, мирис на цимет и јаболко во различни видови храна, претставено со еднакво голема љубов баш како во соба полна со бајковити есенски елементи, едукативно и забавно и за учениците, но и за возрасните, велат од училиштето.
Прличевци создадоа фасцинантна есенска бајка
Вакви волшепства, додаваат, се успешни тогаш кога непрекинато функционира магичниот триаголник училиште- ученици- родители.
OhridNews


















