Како се организира големи настани е мотото под кое во Охрид се одржува 5-от Конгрес за односи со јавност, на кој у;ествуваат над 150 комуникатори од 150 земји од светот. Нашиот јужен сосед Грција пред 3 години беше домќин на најголемиот спортски настан-летната олимпијада. Што се крие зад организацијата на овој  настан на меѓународниот конгрес  ПРО ПР 2007 зборуваше Арис Павлидис, член на организациониот одбор на О.И. Атина 2004.

“Добродојдовте дома Олимписки игри” беше мотото на последната летна олимпијада ,која од 13-29 Агуст 2004 година се одржуваше во Атина . Грција организиацијата на Олимпијадата ја доби во вториот обид . Откакко не успеаа да ја добијат  организацијата на ОИ  1996 (ја доби Атланата),ја добиа организацијата за 2004 така Што  по цели 108 години игрите се вратија дома.

– Бевме многу разочарани кога организацијата на 100 годиШнината од игирте не ја добивме ние него замина за Америка,вели Арис Павлидис ,но тука не застанавме него продолживме со упорна работа .
 
За време на тие 16 дена беа орагнизирани 28 натпреварувања на 35 различни локации  ,беа оформени 72 кампови за подготвки на олимпијаците,а  над 10.500 натпреварувачи  продефилираа на борилиштата на кои беше доделен и 301 медал.


Претседателот на ИОК, Жак Рог – десно

– За нас олимпијадата беше нешто сентиментално , поминавме многу непроспиени ноќи до самиот старт , не не поколеба датумот на отварањето-петок 13. Организацијата на едно вака големо натпреварувањето  за земјата домаќин  е вистинска можност за презентација пред светот, вели Павлидис.

За потребите на Олимпијадата копмплетната инфраструктура беше реновирана,изграден беше нов аеродром,реновирано беше пристаништето во Пиреа ,изградено беше ново метро ,како и 32 км долга железница , беа поправени 210 км нови патишта ,кои во тој период примија преку 480.000 патници, рече Павлидис.

Во близок период Атина повторно ќе биде во центарот на вниманието бидејќи финалето од Лигата на шампиони е закажано за 23 мај во Атина .

– Преставува чест  и задоволство да се организира финалето во Лигата на Шампиони кое преставува едно ремонирано натпреварување, но верувајте организацијата О.И.  е 50- тина пати покомплексно –  завршува Арис Павлидис .

На ПРО ПР конгресот кој со работа продолжува денеска ќе бидат презентирани 14 предавања за организација на големи настани и кампањи.

Мирко Постолоски