Од МЈП Проаква укажуваат дека поради ниските температури постои можност за појава на мрзнење на водомерните броила со што би дошло до несакани последици, односно пукање на водомерите и нивно оштетување. Поради тоа од претпријатието потенцираат дека граѓаните е потребно да ги заштитат броилата со обивање на водомерите или со покривање на шахтите со изолационен покрив.

– Посебно ги известуваме сите наши корисници кои се сопственици на викенд куќи, а не живеат постојано во нив да превземат соодветни мерки за заштита на водомерните броила, односно да ја испуштат водата од главниот шибер за да не замрзне водата со што би се спречило пукање на цевките и слични дефекти, велат од МЈП Проаква.

Доколку корисниците не ги превземат наведените превентивни мерки за заштита на водомерните броила и настанат несакани последици, од претпријатието потенцираат дека трошоците за санирање на истите ке паднат на нивни товар.

OhridNews